
Еуро Данвест Дебармаало Првата продавница, отворена во далечната 1993 година.
Оваа продавница претставува симбол на Скопје и е една од најстарите продавници кои до ден денес се уште работат. Сместена во Дебар Маало, најпознатото скопско маало во центарот на градот, таа е место каде што се спојуваат традицијата и модерноста.
Со својата топла атмосфера, продавницата едноставно ги привлекува сите скопјани, особено архитектите кои секојдневно влегуваат барем да разгледаат и да видат што има ново. Овде, во срцето на градот, посетителите можат да најдат врвни производи за цртање, пишување и креативно изразување
Euro Danvest Дебармаало не е само продавница; тоа е инспиративно место кое нуди уникатно искуство за секој што ќе ја посети. Од најмалите до најголемите, од аматери до професионалци, оваа продавница е тука да ги задоволи сите ваши креативни потреби.
Локација:
Датум:
01.04.1993
Работно Време:
Понделник - Сабота
08:00 - 21:00 часот








