Со радост го најавуваме нашиот јавен повик за сите уметници, дизајнери, креативци и архитекти! Ова е вашата можност да го оставите вашиот креативен печат на новото издание на премиум Noted скечблок од артпак и акварелна хартија под брендот Noted.

Доколку уживате во работата со пастел, молив, туш, маркер, акрилни или водени бои, ова е вашата шанса да го дизајнирате лицето на еден од нашите најиновативни производи. Учествувајте во создавањето на новото Noted издание и бидете дел од нашата приказна.

Како да учествувате?

Како да учествувате? Изработете уникатен дизајн користејќи една од техниките споменати погоре (пастел, молив, туш, маркер, водени бои, акрилни бои, и други). Испратете ни ја вашата слика (во висока резолуција) преку нашиот формулар за учество на блогот, или: Доставете го вашиот дизајн директно во нашата продавница Staedtler во GODI Retail Park до Mr.Bricolage.

Што добивате?

Победничкиот дизајн ќе биде вклучен на корицата на новиот Noted скечблок!

  • Признание и промоција како дизајнер на корицата преку нашите социјални мрежи и на веб-страницата.
  • Специјално издание на новиот скечблок со вашиот дизајн како подарок.
  • Вредносен ваучер од 1000 денари за Штедлер материјали
  • Штедлер Подарок за сите учесници на ликовниот конкурс

Бидете дел од Noted приказната!

Критериуми за избор:

  • Минимализам оригиналност и креативност на дизајнот.
  • Инспиративна порака која ја отсликува темата на креативност и одржливост.
  • Усогласеност со вредностите на брендот Noted.

 

Поддршка за учесниците

Преку нашите социјални мрежи и блогот, ќе ги споделуваме корисни совети и насоки за дизајн, за да ви помогнеме да ја развиете вашата идеја. Секој уметник заслужува поддршка, и ние ќе бидеме со вас на секој чекор од патот.

Бидете дел од Noted приказната!

Ова е уникатна можност да бидете дел од новиот Noted производ и да ја покажете вашата уметност на пошироката јавност. Вашата креативност ќе ги инспирира идните генерации на дизајнери и уметници. Не пропуштајте ја оваа шанса да оставите свој печат!

Како да го испратите дизајнот?

  1.  пополнете го формуларот на блогот [до постот].
  2. Прикачете ја вашата слика и внесете краток опис наслов и техника со која сте работеле.
  3. Или оставете ја во нашата продавница Штедлер во тц.Годи Ретаил Парк до Mr.Bricolage види локација [тука]